Активистите за права на животните го тужат Љупчо Златев

Асоцијацијата на активистите за права на животните поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Љупчо Златев.

„Новинарот во два наврати (на Фејсбук и на емисијата на ТВ Нова) поттикнуваше труење со животни, давајќи директни насоки со кој отров луѓето треба да ги трујат уличните кучиња. ААПЖ бара да се покрене кривична постапка против пријавениот за кривично дело “Предизвикување на општа опасност” по чл. 288 од КЗ в.в чл.23 ст.1 од КЗ на РМ и  кривично дело “Мачење животни” по чл. 233 в.в чл.23 ст.1 од КЗ на РМ“, велат од ААПЖ.