Автомобилот што излета попладнево во Вардар бил на Весна Петрушевска

Како што претходно извести нашиот репортер од терен, автомобил околу 17:30 часот излета во реката Вардар во центарот на Скопје.

Како што дознава порталот „Сакам да кажам“, автомобилот бил во сопственост на позната актерка Весна Петрушевска, која во тој момент била на проба во МНТ.

„Јас сум шофер од 17 години, уредно го изгасив автомобилот, го заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси автомобилот сам да тргнал и да падне во Вардар“, вели Петрушевска за „Сакам да кажам“.

Настанот се случи попладнево кога автомобилот на кејот под мостот „Гоце Делчев“  излета директно во реката.