(ВИДЕО) Се извлекува автобусот, ќе се вештачи во касарната во Ѓорче Петров

На автопатот Скопје – Тетово, на местото на тешката сообраќајна несреќа, пристигна кран кој го извлекува моментно автобусот што се преврте синоќа, при што загинаа 14 патници, а триесетина се повредени.

Откако ќе биде подигнат, автобусот, како што се најавува, ќе биде однесен на вештачење во касарната Ѓорче Петров.

На местото на несреќата инспекторите цело претпладне вршеа увид, ги утврдуваа околностите под кои се превртел автобусот на „Дурмо турс“ и ги обележуваа трагите на кочење.

Се очекува во текот на денот или утре јавното обвинителство да соопшти повеќе детали за несреќата.

Автопатот  е пуштен за сообраќај, но се уште е затворен за сообраќај стариот пат Скопје –Тетово, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Ф.Ф.С.