ЈСП-Турс со реализација на проектот „Лето во Македонија“


ЈСП-Турс започна со реализација на проектот „Лето во Македонија“ за развој и афирмирање на манастирскиот туризам во државава.
Секоја недела, до крајот на летово, ЈСП-Турс ќе организира 12 еднодневни излетнички тури до поголемите манастири ширум државава.
Турите ќе се реализираат со водич, со високотуристички автобус.
Постои и можност за ноќевање во манастирските конаци.
Цената на билетите за еднодневните тури е различна, а може да се купи и блок билет за сите 12 излети кој изнесува 3.000 денари. Со овој билет се добива и џебен водич за манастирите со сите побитни информации за манастирскиот локалитет.
Заинтересираните за пријавување и подетални информации можат да се јават на 3060-350 или 3091-522.