Хороскоп: Што порачуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: Внимавајте на нагласената ароганција и опасна самодоверба постигната низ минатите успеси – ова може да ве доведе до незгодни ситуации, но и лажна гордост за безначајни постигнувања. Она што вие мислите дека вреди, за некој друг може да е сосема незначително.

БИК: Се соочувате со матријархално однесување кое ве задушува – ова може да бидете вие или некоја друга личност со која ќе се сретнете. Немојте со незадоволство, себичност и сиромаштија да го расипете домашниот живот. Можни дилеми, параноја или љубомора – внимавајте на испади.

БЛИЗНАЦИ: Денес би можеле да се соочите со некакво одолговлекување и проблеми на домашно и општествено ниво. Внимавајте да не ја растурате својата енергија на повеќе правци и штедете се. Се чини дека сте заситени од сѐ, а среќата ви лежи токму пред вашиот нос. Фокус.

РАК: Сега е добро да направите пауза за да видите како сте напредувале досега и што треба да се доработи понатаму. Можеби ќе треба да направите тешки финансиски одлуки, за кои ќе ви требаат трпение и истрајност. Вреднување на својот статус, работа и опциите за во иднината.

ЛАВ: Полни со виталност и сила ги преземате работите во свои раце. Ќе ја обновите својата сила и ќе постигнете победа на довчерашните стравови. Сега сте во можност да ја надминете опозицијата со своите внатрешни квалитети на сила и издржливост. Ќе ги надминете кризите.

ДЕВИЦА: Денес се појавува можност да повлечете од безнадежната ситуација и да се борите друг ден. Отстранете се себеси од тешкотиите во кои не требавте ни да бидете замешани. Очаен обид да се решат работите без конфликт – бидете итри и искористете ја ситуацијата за себе.

ВАГА: Се повлекувате во светот на осаменоста за да ги средите своите мисли и да соберете сила. Го барате својот внатрешен глас и барате визија за иднината. Сега имате потреба за разбирање и совет или средба со мудар човек кој ќе ви помогне многу. Лично искуство преку искушение.

СКОРПИЈА: Со сите сили се држите за материјалната моќ во страв да не изгубите сѐ, а така самите ќе си направите тешкотија бидејќи ќе ви фали оригиналност и имате страв од промени. Не верувајте дека сигурноста се заснова на акумулација на материјалните вредности.

СТРЕЛЕЦ: Одолговлекувања при финансиските трансакции, вработување или воведување на бизнисот – се чини дека не ги користите своите сили со полн потенцијал. Бидете повнимателни и обрнете внимание на деталите. Не ѝ дозволувајте на конвенцијата да ја задуши вашата креација.

ЈАРЕЦ: Вознемирувачки информации кои ќе ве дистанцираат од деструктивните врски – интимни или професионални. Потребна ви е болно отворена комуникација за да профункционираат нештата. Не им дозволувајте на емоциите да го замаглат вашето расудување

ВОДОЛИЈА: Денес ќе успеете да постигнете баланс и внатрешна хармонија после период на големи искушенија. Договори, согласувања и помирувања направени на чесен начин. Ќе успеете да ги исправите работите и расчистите кармата. Подобрување во легалните работи.

РИБИ: Бестрашни и полни со имагинација, денес му се препуштате отворено на сѐ – сакате безгрижно да се дружите, да го откривате светот и уживате во авантури, цврсто верувајќи во својот внатрешен глас. Опиени сте од убавината околу вас и се здобивате со големо знаење.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]