Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Од вас се бара приспособување: Месечината во опозиција со Јупитер ве повикува да го смените мислењето и да направите нови комбинации, пред да започне реконструкцијата. Нешто од минатото повторно се провлекува низ животот и ова е одличен тајминг да му ставите крај на тоа. Така ќе успеете да започнете од ново. Ослободете се себеси.
БИК: Необичниот Уран во вашиот знак инсистира на изразување на креативните дарби: конечно е време да покажете од што сте сочинети! Како да се наоѓате во огромен кафез, полн со ретки птици, вложете напор во тимските потфати. Избегнувајте прекумерно трошење и спасете се од финансиски дебакл. Сега сте зрели, бестрашни и едуцирани.
БЛИЗНАЦИ: Засадено е ново семе на кое што му е потребно време за да процвета: Месечината заминува од вашиот знак отворајќи простор за експанзија на повеќе полиња. Можеби ќе си помислите дека сте среќни и навистина е така, особено во личната сфера. Бидете неутрални, замижете пред туѓите несовршености и ќе успеете.
РАК: Кризата што се провлекуваше на романтичен план, денес може да се надмине: ќе треба да избирате помеѓу две личности, две теми или покани за излегување. Со Сатурн и Плутон во Јарец може да заклучиме дека воопшто не ви е лесно: постојат недоразбирања, дилеми и опсесии, поради кои на сите им е непријатно. Напредувајте тивко.
ЛАВ: Започнување на нов ангажман и шанса да ја покажете својата храброст: витални, креативни и плодни, најавувате нов потфат. Ќе внимавате на високите трошоци, своето здравје или некоја надворешна непријатна случка. Ова ќе ве вразуми и веднаш ќе се снајдете, наоѓајќи дополнително време за работа: вредни сте и учите нови вештини.
ДЕВИЦА: Ова е убав период, кој укажува на финансиска стабилност, постигната преку необични начини: сега сте мудар сопственик на бизнис или работа во развој, а тоа наскоро ќе ви донесе и финансиски фидбек. Сконцентрирајте се на материјалната страна на животот и избегнете ги идеалистичките планови. Заштитете го имотот.
ВАГА: Венера во Водолија ве повикува на рандеву: потенцијална романса или некој вид на искушение. Можеби ќе треба да жртвувате дел од својот животен стил и да ја надраснете љубопитноста: дозволете ѝ на мачката да се занимава со неа. Нова шанса за заработка, но ќе треба да се потрудите околу тоа, а не само да чекате награди од небото.
СКОРПИЈА: Сега сте движени од многу моќни сили: планетите во Бик се бавни и не може да ги сопрете. Обидете се да разберете дека нешто многу важно се случува во вашиот интимен живот: радикална промена во личноста и нови влијанија. Можеби чувствувате како работите ви лизгаат низ прстите, но тоа не е крај. Наскоро добивате нова моќ.
СТРЕЛЕЦ: Аспектите покажуваат дека сте будни, динамични и подготвени за промени: можеби останатите се премногу крути, но тоа не ја задушува вашата спонтаност. Промени во дневната рутина и висок набој на работното место: дел од работата нема никакво значење, додека останатиот дел е вистинско богатство! Смирени и мудри, ги знаете правилата.
ЈАРЕЦ: Од вас се бара одговорност, особено во блиските односи: потребно е да сте внимателни и топли кон своите сакани. Не брзајте, бидејќи би можеле да направите грешки во комуникацијата, па дури и да се повредите. Средба со некоја уметничка душа, која е чесна, харизматична и силна. Споделувате идеи со сличен карактер.
ВОДОЛИЈА: Времето за прегрупирање завршува: интелигентно ја користите својата сила и вашите инвестиции ви носат награди. Венера ви помага да верувате во личната моќ и убавина: постојат начини да напредувате, но не се врзувајте со договори со личности со скриени мотиви. Искушенија и самосаботажа, како и алчност за пари. Преголеми очекувања.
РИБИ: Тензија во вашиот личен сектор: можеби се обидувате да постигнете нешто што за сега не може да се реализира. Се случува нешто од голема важност, но не мора по секоја цена да ги исправате работите: делата говорат повеќе од зборовите. Без провокации и цинизам, смирете се и седнете на столчето кое што е скроено за вас.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ