Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Со Месечината во Водолија успеавте да се освежите и сега се враќате со нова сила, задоволни поради некој успешно разрешен конфликт. Од вас се бара истрајност како во бизнис така и во креативните проекти. Не ви се потребни краткотрајни решенија туку зрелост, бескрајно сочувство и толеранција, а тоа го имате во изобилство. Одлуки.
БИК: Венера во Водолија го покажува вашиот шарм и сега зрачите со прекрасен сјај и радост. Каде и да појдете, луѓето се чувствуваат занесени од вас, но внимавајте да не претерате: ги прикажувате своите таленти и успевате да напредувате. Успехот може да прерасне во слава, со која што ќе го надминете скептицизмот околу себе. Бидете резервирани.
БЛИЗНАЦИ: Вашето внимание е насочено кон напредување во партнерствата, заедничките средства, здобивањето академско знаење и докажување на општествен план: дебата, во која што треба да сте непристрасни. Ќе успеете да ги надвладеете негативните емоции и нема да ситничарите. Потреба да се ослободите од должностите.
РАК: Пред вас се отвораат нови шанси и сега сте олицетворение на милост и смиреност: можни средби од кои што ќе ви затропа срцето и ќе се стресете на повеќе нивоа. Постои некоја тајна искра меѓу вас и лицето кое што го љубите и ова е почеток на еден убав период. Имате нови идеи на работното место, но не брзајте сè уште. Интуиција!
ЛАВ: Загриженоста проаѓа и работите добиваат побрза динамика: она што стагнираше успешно се разрешува и денес сте вредни, ангажирани и фокусирани на деталите од задачите. Ова е време за истрајност пријатели, нема потреба да брзате, прашајте се како да им дадете нов изглед на старите форми. Нарација.
ДЕВИЦА: Ова е време за рационална употреба на менталната сила: планетите во Риби им даваат нејасен тон на работите, а вие сте пред избор. Инсистирајте на искреност, не мешајќи ги своите сентименти при тоа и бидете спремни за нови ангажмани. Месечината во Водолија бара да заземете поавторитетна позиција и да го наметнете влијанието.
ВАГА: Убав период, со изразена сензибилност и благородни влијанија: умешно ги надминувате сите трикови и неважни ситуации, фокусирани на своите креативни проекти. Замислете се себе си како да земате први лекции по танцување: приспособете се, подместете се и ќе успеете! Среќа по долг период на тешкотии.
СКОРПИЈА: По малку неизвесен период, но и тоа е за ваше добро: не мора сè однапред да знаете. Во вашиот живот се случуваат кармички промени и добро е да учествувате во тимските напори: на тој начин доаѓа до израз вашиот талент. Препуштете ѝ се на судбината и верувајте дека ќе стигнете на саканата дестинација. Понизност.
СТРЕЛЕЦ: Од вас се бара непристрасност: со голем резон ги надминувате предизвиците и успевате на да се ослободите од тешкотиите. Во вас цути креативна инспирација и тоа се пренесува на интимен и професионален план. Витални и полни со љубов, ќе најдете време да уживате со саканите: излезете, почестете се нешто, славете го животот!
ЈАРЕЦ: Денес сте лесни, љубопитни и убави и доаѓате до нови реализации: сакате поголема слобода во љубовта и не се плашите да го изразите она што го мислите! Јасно и гласно. Оваа свежина се префрла и на другите полиња и сега сте многу блиску до исполнување на своите соништа. Најдете време за соодветна диета.
ВОДОЛИЈА: Нова страна во вашиот живот и сега сте нежни и исполнети со сочувство: разберете дека мора да минете низ сите фази на ситуацијата, за да ја сфатите добро, а потоа ќе се одморите. Знаејќи дека работите се менуваат, видно ќе си олесните. Научете дека е конечно време за зреење и веќе имате половина успех. Романса.
РИБИ: Не дозволувајте вашата ноншалантност да ве чини скапо: ова е нејасно време и не треба да експериментирате туку добро да ги осмислите следните планови: чекор по чекор и ќе стигнете на целта! Можна е преселба или нова работна позиција, како и правење на приоритети. Потоа повлечете се да размислите и да ги наполните батериите.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ