Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес би можеле да дојдете до значителна сума на пари, а што секако ќе ве усреќи: финансискиот статус се поправа без поголем напор. Можни проблеми со саканите или со пријателите, кои се со минлива природа. Ако не го добиете она што го сакате на работен план, не очајувајте. Набрзо ќе ја постигнете саканата стабилност.

БИК: Месечината во Девица ја продлабочува љубовта и сега сте слатки и нежни со сите: доаѓате до важни решенија, по кои го менувате начинот на размислување и започнувате потфати со голем жар и ентузијазам. Ова е момент да ја покажете својата креативна страна и да ги надминете дилемите брзо и со леснотија. Можно е патување.

БЛИЗНАЦИ: Напредувате на домашен план: среќа и долготрајни успеси. Надминете ги моменталните дилеми и расположете се: замислете си дека сте турист во нов град, кој што патува разгледувајќи го пределот и запознајте се со останатите патници. Со дел од нив ќе станете пријатели и ќе направите промена во личноста. Победа.

РАК: Средба со авторитетна личност, која ќе ви влее сигурност и самодоверба: сега ви е потребно да ги синтетизирате спротивностите и да дојдете до родителски зрело решение. Крајно време е да го заборавите минатото, не може вечно да се вадите на надворешните околности: клучот е во вашите раце. Обидете се да штедите повеќе.

ЛАВ: Динамични аспекти во фиксните знаци ги разгоруваат вашите емоции: сè е можно, страст, љубов, но и аргументи. Можеби и самите ќе бидете изненадени, но ќе најдете сила да простите и да се смирите. Кој би рекол дека во вас врие толку силна возбуда? Покажувате огромна интелигенција на работен план, но без егоизам! Тимска работа.

ДЕВИЦА: Доаѓате до солиден извор на информации и имате големо разбирање и лојалност кон блиските. Започнување на обемна работа, со потенцијален финансиски фидбек: бидете вредни и посветете се на деталите. Впрочем, ова воопшто не ви е тешко! Чесни и харизматични, ги водите другите покажувајќи им го својот пример.

ВАГА: Една емоционална фаза завршува и можеби сте по малку збунети: некои работи се сокриени од голото око. Можеби не сакате да се соочите со некој дел од својот карактер и тоа предизвикува тешкотии во личниот живот. За да не се пролонгираат истите работи и во иднината, направете подобар план и придржувајте се до него.

СКОРПИЈА: Спремајте се за финансиски триумф: можна е промоција на работното место, како и повисок хонорар. Тоа убаво ќе се одрази и на домашен план и ќе може да уживате во раскош: најдете малку слободно време за саканите, тие ве чекаат. Можеби не очекувате, но повторно вести поврзани со пари, а дојдени преку семејството. Уживајте сега!

СТРЕЛЕЦ: Можни провокации на работното место, а тоа бара да се прашате кои се вашите основни вредности: погледнете подлабоко во себе и тука ќе најдете мудри одговори. Штом го смирите своето битие, автоматски се поправа и надворешната ситуација. Понекогаш е добро да се повлечете за да ја увидите својата сила. Не брзајте.

ЈАРЕЦ: Ви претстојат важни финансиски одлуки: направете пауза за да научите како да постапите понатаму. Без страв, бидете отворени и имагинативни, знаејќи дека постојат луѓе кои ве поддржуваат. Верувате во моќта на самата креација, потпирајќи се на својата зрела и грациозна природа. Покажете ја својата длабока љубов и смиреност.

ВОДОЛИЈА: Се чини дека нешто ве мачи пријатели: веќе некое време не можете да дојдете до саканата емоционална стабилност. Некако сте крути или ладни во однесувањето со другите и постои некаква поделеност меѓу вас и пријателите. Ова станува непријатно. Константните барања на семејството ве истоштува: потребно ви е време за себе.

РИБИ: Позитивни случувања на повеќе полиња, а најмногу во партнерскиот сектор: се чувствувате исполнето и сакате да се движите меѓу луѓето, раскажувајќи ги своите искуства. Изненадувања на семеен план, кои може да доведат до поголеми тешкотии, ако не се решат на време. Не е злато сè што светка, распрашајте се што е што!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]