Хороскоп: Ракот да ѝ верува на интуицијата


ОВЕН: Размислувате како да ја активирате својата лична сила за да постигнете некоја далечна цел. Иако се чини дека работите бавно се одвиваат, сепак постои шанса да иницирате долготрајно партнерство базирано на апсолутна доверба. Бидете одговорни и донесете одлуки.

БИК: Месечината во Лав ќе го стави акцентот на вашиот дом – ова е идеален период да си се посветите себе си и на блиските и да уживате во топлите и креативни моменти. Обрнете внимание на вашето здравје и општа благосостојба и дозволете си луксуз, елеганција и комфор.

БЛИЗНАЦИ: Викендов ќе биде добро да ги контролирате емоциите – можеби се соочувате со нешта кои се вон ваша контрола и не сте во можност да се повлечете, но затоа вашиот став е најважен и со коректна акција ќе се заштитите најдобро што можете. Околу вас се менува сѐ.

РАК: Верувајќи ѝ на својата интелигенција и интуиција, продолжувате напред кон непознатото. Оставате сѐ зад себе и исцртувате нов курс кој ќе биде пореален. Знаете дека ова е само транзиција која ќе ве доведе до прогресивни солуции. Најдете време за одмор, пат или пикник.

ЛАВ: Сега сте бавни, дури и во најургентните ситуации – што и да се случува, бидете отворени за нови методи и внимавајте на тајмингот! Останете им доследни на своите принципи иако вашата цел се менува. Бидете задоволни со малите победи и успеси, кои ќе донесат поголеми набрзо.

ДЕВИЦА: Вашата моќ и влијание еродираат – не успеавте да поставите реални цели или немате визија за иднината, па се мислите да го спуштите гардот. Немојте да губите интерес, бидејќи ова депресивно расположение брзо ќе мине. Посветете ѝ се на уметноста и трговијата. Смирете се.

ВАГА: Пред вас се појавуваат убави шанси за напредување со директна акција – некој ви нуди нешто, а вие со голема одговорност го прифаќате тоа. Од сите потенцијални шанси, одберете го најдоброто и признајте си дека сѐ не е за вас – имате можноствие да бирате сега. Честа е ваша.

СКОРПИЈА: Месечината во Лав ги блокира вашите најдобри напори – што и да правите, се чини дека е погрешно, а особено во блиските врски. Обидете се да откриете што е она што ве кочи да напредувате и сменете ги старите навики. Не ја распрснувајте својата сила на погрешни цели.

СТРЕЛЕЦ: Ова е викенд кога имате голема сила да ги комплетирате и завршите сите отпочнати работи. Се здобивате со јаснотија, контрола и мир среде потешкотиите, но со голема интуиција ќе го надминете и најтешкото. Движете се и така избегнете ја рутината од својот живот. Пикник.

ЈАРЕЦ: Во вас се случуваат длабински промени кои може да ве изненадат. Сепак, ќе делувате мирно и задоволно и ќе успеете да постигнете исполнување во сите блиски врски. Се чини дека ги постигнувате вашите најдлабоки желби, а кои ќе ви донесат сензуални уживања. Убавина.

ВОДОЛИЈА: Месечината во Лав го активира вашето партнерско поле и овој викенд ќе уживате во обновената љубов и страст кон животот. Вашите врски се продлабочуваат и вие зрачите со радост и задоволство. Изјави на љубов и верност. Средби со сродни души, венчавки и прослави.

РИБИ: Не дозволувајте слабостите во вашиот карактер да го упропастат она на кое што работевте долго време. Поработете врз својата самодоверба и амбиција, па ќе го постигнете дури и најтешкото. Бидете разумни и не си дозволувајте да ве извадат од такт. Демагогија.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]