Хороскоп: Девицата ја очекува успех, Јарецот ќе напредува
ОВЕН: Со Месечината во вашиот знак пред вас се големи промени на дофат на раката – резултатите ќе бидат неизбежни, но не и предвидливи. Не избрзувајте во ништо, особено не во ароганцијата и бидете повнимателни. Не перчете се!
БИК: Ако се соочите со одолговлекувања, застанете и размислете за сè многу внимателно. Обидете се да не реагирате импулсивно и во погрешен момент, бидејќи нема да можете да се одбраните. Немате хармонија, а ви треба баланс.
БЛИЗНАЦИ: Знаете дека пред вас е работа, но заборавете на нефлексибилното размислување. Сега е добро да сте поотворени за сугестии од страна, за да можете да го смените текот на дамнешните настојувања. Барајте во сокриеното!
РАК: Месечината во Овен ви дава прилика да се повлечете од некоја безнадежна ситуација, со што помалку напор и загуби. Денес почекајте и вратете се во борба набргу штом ќе се сменат условите. Остроумност и итрина.
ЛАВ: Ова е ден кога ќе имате повод за славење на повеќе работи – потпишување договор, средба со пријателите или славење со блиските. Отворете се кон непознатото и бидете храбри да ѝ се предадете на мистеријата наречена живот.
ДЕВИЦА: Сега сфаќате дека вложениот напор ви се враќа повеќекратно – полни сте со креативност, продуктивност и иницијатива и преку практични активности ќе промовирате просперитет, комфор и луксуз. Вашата чаша сега се прелева!
ВАГА: Денес е добро да ги контролирате емоциите – со Месечината во Овен, исправното дејствување ќе биде вашата единствена заштита. Ослободете се од искушенијата и врзаностите, како и од опсесијата за пари и моќ. Интуиција.
СКОРПИЈА: Во вас се одигрува борба за која ќе треба да го отстраните личниот отпор – потоа сè ќе оди лесно. Вашето здравје и физичка кондиција се подобруваат и постигнувате победа по период на чекање и страв. Издржливост.
СТРЕЛЕЦ: Отворени сте кон широки хоризонти и перспективи и со голема смиреност ги балансирате спротивставените тенденции. Самоконтрола, трпение и такт при справувањето со можните тешкотии. Важно е дека вие сте среќни.
ЈАРЕЦ: Нови и необични можности за напредување, кои ќе го разбудат кај вас повторно апетитот за живот и љубов. Сфаќате каде погрешивте и каде се дадовте премногу и тоа ве освежи и подмлади на духовно ниво. Нова визија.
ВОДОЛИЈА: Денес сте во блага дилема, затоа не повторувајте ги истите работи како досега, бидејќи ќе страдате. Не гледајте во минатото, туку цврсто втемелете се во вистината сега. Доколку се соочите со некаков блок, сменете перспектива!
РИБИ: Иако сте добро информирани за материјалните работи, сепак сте игнорантни кон потешките и сериозни прашања. Внимавајте на совет од некоја алчна и лажна персона, која лесно се корумпира од луксуз и физички мечтаења.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ
[email protected]