Стејт департмент: САД се благодарни на Македонија за солидарноста околу случајот Скрипал
САД во неколку прилки досега на средби на високо ниво со сојузниците искажале благодарност до Македонија за вклученоста во заедничката американско-европска акција против Русија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Во денешната изјава за МИА висок претставник на Стејт департментот укажа дека САД високо ја ценат солидарноста на Македонија со зедничката американско-европска акција против Русија.
– Благодарност за Македонија искажавме во повеќе прилики досега на средби на високо ниво со нашите НАТО сојузници, се вели во изјавата.
Стејт департментот додаде дека оставаат на воената алијасна да одлучи какви понатамошни чекори ќе презеде во однос на Русија доколку, се наведува, Москва продолжи со агресијата.