Средбата Димитров – Коѕијас следната недела во Охрид
Новата средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција – Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржи следниот четврток – на 12 април во Охрид, дознава „Независен весник“.
Се очекува Коѕијас да допатува вечерта на 11 април од Белград во Охрид, а во рамки на неговата мини-балканска турнеја. Потоа, тој заминува за Приштина.
Тоа ќе биде втора средба во земјава меѓу двајцата министри за кратко време. Нивната последна средба беше во Виена минатата седмица, а малку претходно Коѕијас беше во Скопје, каде што првпат слета на аеродромот кај Петровец.