Со помош на дождот Надал до трофејот во Рим


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победник на престижниот Мастерс турнир во Рим. Тој денеска по голема борба го совлада Германецот Александр Зверев со 2-1, по сетови (6:1, 1:6 и 6:3).

Надал до победата во римската престолнина дојде по незавидната позиција во која се наоѓаше и која беше прекината поради дожд. Во решавачкиот трет сет, Зверев водеше со 3-2 и имаше брејк предност, а по паузата сликата на теренот се смени и Надал со серија од 3:0 направи резултатски пресврт.

На крајот по точно два часа и шест минути игра, Надал стигна до 78-от АТП трофеј во неговата кариера.

Мастерсот во Рим се играше за награден фонд од 4,87 милиони евра