Силувана па задавена службеничка од Британската Амбасада во Бејрут
Британката Ребека Дајкс вработена во Британската Амбасада во Бејрут пронајдена е мртва, соопшти тамошната полиција.
Телото на Ребека е пронајдено во саботата фрлено на автопат во Бејрут.
Обдукцијата покажала таа прво била силувана, а потоа и задавена, пренесува Би-Би-си.
Нејзиното семејтво е загрижено и за британската телевизија изјавиле дека ќе направат се за да дознаат што точно се случило со нивната ќерка.