Семејство живее на Флорида со 14 мечки (ВИДЕО)


Моника Велд и нејзиниот син Џони живејат со 14 мечки од кои некои од нив тежат и до 500 килограми.

Својот рачн на Флорида го нарекоа „Рај за мечки“ (Bearadise), а откако минатата почина сопругот на Моника, таа заедно со синот продолжија да се грижат за мечките, кои им помагаат да пребродат низ тешкиот период.

„Знам дека на мечките им недостига мојот сопруг. Тие приметуваат дека веќе го нема, а јас и мојот син одлучивме да ја продолжиме неговата традиција“, кажала Моника за тв Баркофт.

Семејството сега има 14 мечки.