Се продава „Јадранка“, некогашната јахта на Тито
Министерството за одбрана на Црна Гора објави повик за продажба на непотребни пловни објекти опрема и резервни делови во вкупна вредност од 596.210 евра.
Повикот е објавен на интернет страницата на Министерството за одбрана и во него се истакнува дека пловилата се без вооружување и воена опрема.
На продажба се десантен брод во вредност од 140 илјади евра, помошен нафтоносач од 133 илјади евра, помошен водоносач од 110 илјади евра како и јахтата „Јадранка“ некогашен брод на Тито кој е проценет на 80 илјади евра.