Се воведува лимит на трошоците на граѓаните при користење потрошувачки кредити
Ограничување на надоместоците кои ги плаќаат граѓаните при одобрување и отплата на потрошувачки кредити, е главна цел на измените во новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.
Од Министерството за финансии денеска соопштија дека со ограничување на надоместоците, односно на годишната стапка на вкупни трошоци, ќе се намалат трошоците кои граѓаните го плаќаат при користење на потрошувачки кредити. Намалувањето ќе биде најзначајно кај кредитите во кои се одобруваат мали износи, со кратки рокови на отплата, т.н. „брзи кредити“.
– На овој начин ќе се намали ризикот од дополнително влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, се вели во соопштението.
Најавата за новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити е веќе на платформата ЕНЕР. Во текот на следната неделата целосниот текст на законот ќе биде објавен за јавна консултација