Принцот Чарлс во топ-форма: 40 години чекавме да го видиме пак на плажа


Кариби- Принцот Чарлс (70) , наследник на британската круна, за прв пат по 40 години е фатен папарацо на плажа на Карибите, заедно со сопругата Камила (71).

Двојката е на 12-дневна турнеја на егзотичните острови, а ќе ги посети и Кајманските острови. Принцот не е фатен во костим за капење уште од 1980 година, кога е фотографиран во Сиднеј.

Костимот за капење на Чарлс е „Vilebrequin“, омилениот бренд и на актерите Бред Пит и на Џорџ Клуни.

За безбедноста на кралската двојка се грижат телохранители кои им ги носат пешкирите на плажа.

Принцот Чарлс е поранешно воено лице и страствен играч на поло.

За време на официјалните обврски, принцот Чарлс се сретна на Барбадос и со поп-ѕвездата Лајонел Ричи со кого се потсетија на неговите хитови од 80-тите.