Принцезата Шарлот тргна во градинка


Англија-Британската принцеза Шарлот, второт дете на војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, четврта по ред за британската круна,  тргна во градинка, пишуваат британските медиуми.

За нејзиниот прв ден во градинката, принцезата носела црвено палто, црвени чевли и бледо розова шамија.

Таа била фотографирана од нејзината мајка Кејт, а принцезата тргна во детска градинка во приватно училиште „Вилкокс“ во западниот дел на Лондон. Училиштето е основано во 1964 година и се наоѓа многу блиску до палатата Кенсингтон.

Школарината изнесува нешто помалку од 20.000 долари годишно, а во 2012 година е оценета како „исклучителна“.

Принцезата Шарлот ќе го прослави третиот роденден во мај, а само пред четири месеци, нејзиниот брат, принцот Џорџ, тргна на училиште.