Посен рецепт: Ѕвезди со лешници и цимет
Состојки:
3 белки од јајце
250 г шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
1 лажица цимет во прав
400 г неизлупени мелени лешници
Приготвување: Изматете ги белките со миксер додека добиете цврста пена. Во пената постепено ставајте го шеќерот. Од добиената маса тргнете настрана две полни лажици кои подоцна ќе ги искористете. Во белките постепено додајте ги ванилиниот шеќер, циметот и 150 г неизлупени мелени лешници. Притоа, матете ја смесата со миксер на најголема брзина. Продолжете да мешате со лажица и додајте ги преостанатите лешници. Работната маса поросете ја со шеќер во прав и развлечете кора со дебелина од 1 см од тестото. Со помош на калапчиња во форма на ѕвезда, извадете форми од тестото. Наредете ги колачињата на плех кој претходно сте го обложиле со мрсна хартија. Секоја ѕвезда премачкајте ја со малку белка која ја издвоивте за оваа намена. Ѕвездите печете ги во загреана рерна на 140 степени околу 25 минути. Печените ѕвезди оставете ги да се изладат. Завиткајте ги во алуминиумска фолија или, пак, наредете ги во лимена кутија да омекнат.