Посен рецепт: Празнична салата
Посното е дел од секое празнично мени. Оваа салата не само што е вкусна и лесна, во целост е полн погодок за вашата трпеза.
Потребно е:
425 г пченка
425 г грашок
400 г црвен грав
Главица црвен кромид
1 пиперка
Домат
Магдонос
За прелив:
Сок од 1 лимон
100 мл маслиново масло
1 чешне лук
Сол и бибер, по вкус
Приготвување:
Во длабок сад се ставаат пченката, грашокот и црвениот грав. Се додава ситно исечканиот кромид, исечканата пиперка и ситно исечканиот магдонос. Потоа добро се промешуваат состојките, па се преливаат со претходно измешаниот сок од лимон со маслиново масло, сол и бибер. На крај, повторно се промешува и одозгора се става ситно исечканиот домат.