Поп-пејачот Лозано со нова балада: Дамките на душа да ги избришам


Пред концертот, кој ќе се одржи на 23 март во ВИП-арената, поп-пејачот Влатко Лозаноски- Лозано, објави нова песна.

„Мајко“ е емотивна етнобалада во чиј текст Лозано вели: „Да расцветам како некогаш, и секоја дамка на душа, да избришам. Кажи ми моја мајко, утеха дај ми само, излажи ме бар ти“.

Интересна приказна има спотот, кој го режираше Даниел Јовески, а „мајката“ на пејачот ја глуми Јасмина Билаловиќ. Песната е дело на проверениот авторски тим на Лозано, Магдалена Ена и Лазар Цветкоски.