Папата нареди финансиска истрага на хорот на Систинската капела


Папата Франциско нареди да се спроведе истрага за финансиски малверзации во работењето на познатиот хор на Систинската капела.

Според црковните власти, истрагата тајно се вршела во изминатите неколку месеци, а во нејзин фокус се свештениците кои се менаџер и директор на хорот.

Хорот на Систинската капела се смета за најстариот се уште активен хор во светот. Официјално формиран во 1471 година, тој произлегува од традицијата на црковните хорови формирани од папата Григориј Велики во 7-иот век.