Објавена книга со пикантерии за сексуалниот живот на кралицата


Книгата за кралицата Елизабета и пикантериите за нејзниот брак со принцот Филип којашто излезе во јавноста предизвика скандал во Велика Британија, но и во светот.

„Не постоеше убава жена во близина на Филип со која не флертувал. Но на кралицата тоа не и сметаше, му даде одврзани раце да се дружи со спротивниот пол. Тие жени на Филип му беа како играчки и миленичиња“, пишува Лејди Колин Кембел, а пренесува британски „Дејли мејл“

Оваа Британка ја напиша книгата „Бракот на кралицата“ за Елизабета II (92) во која открива детали за нејзиниот и сексуалниот живот на нејзиниот деведесет и седум годишен сопруг, принцот Филип. Во книгата пишува дека кралицата имала здрав сексуален апетит и други детали за нивниот сексуален живот.

Во книгата пишува дека Филип сака да биде во друштво со убави жени и дека е голем заводник, а флертувал и со нејзе.

„Не ми кажал ништо непријатно. Ми зборуваше во стилот „Изгледаш добро“ – рекла кралицата.
Писателката тврди дека се дружела со кралското семејство. Книгата за сексуалниот живот на кралицата предизвикала негативни реакции кај Британците.

Колин за обвинувањата дека книгата е полна со измислици се брани дека е само искрена. „Се што сум напишала е вистина е тоа не е никаква пропаганда против монархијата“ вели Колин.