Неделен хороскоп: На кој знак ќе му се случи нова љубов?


ОВЕН: Работа: Викендов влегувате размислувајќи за финансиската состојба, која поттикната од Месечината што се гаси не изгледа идеално. Сепак, ќе се појават новини на работното поле.
Љубов: Размислувате за сериозноста на својата врска и како повторно да го разгорите нејзиниот пламен, а за тоа дефинитивно ќе се појават шанси со Младата Месечина после 17 јануари.
Здравје: Ова не е баш ваш период во годината и иако се штедите и имате доволно резерви на енергија, добро ќе биде да внимавате на стресот кој може да предизвика ненадејни болести.

БИК: Работа: Отпочнатите ангажмани веќе добиваат конкретен и постојан изглед и сѐ уште постојат шанси за нови понуди на хоризонтот. Поддршката на Венера од Водолија го нуди тоа.
Љубов: Размислувате за сериозна љубов и партнерска врска која ќе ги покрие сите ваши потреби, но и покрај многуте понуди, вие сте сепак резервирани. Шанси ќе има, но ќе почекате.
Здравје: Иако ви е потребен одмор, релаксација и регенерација на телото и умот, некако тешко доаѓате до тоа. Младата Месечина на 17 јануари ќе ви помогне да ја обновите силата.

БЛИЗНАЦИ: Работа: Вие ќе бидете најсреќни кога ќе дојде викендот бидејќи работните должности ви се завршени и иако има уште за работа, најзасегнати ќе бидете со финансиите.
Љубов: Ќе најдете време за дружење со своите блиски, а со транзитот на Венера во Водолија на 18 Јануари, би можеле да се сретнете со некоја личност од далеку или колеги од факултет.
Здравје: Обременети со активното секојдневие, добро е да најдете време за одмор и доколку е потребно, за посериозен пристап кон своето здравје. Студеното време не ви оди во прилог.

РАК: Работа: Се радувате на викендот бидејќи ќе може малку да здивнете. По 17 јануари, Младата Месечина ќе ве соочи со нови партнерски понуди, информации и сериозни проекти.
Љубов: На ова поле не можете да се пожалите бидејќи константно има некои случувања. Можеби не се онакви како што посакувате, но сепак ги има и тие неколку се интензивни.
Здравје: Овој викенд сакате да го минете во домашна атмосфера, за да ги наполните своите батерии по празничната атмосфера. Во текот на седмицата ќе ја повратите вашата сила.

ЛАВ: Работа: Поддржани од повеќе планети на ова поле, се соочувате со нов пристап и информации, како и со нови одговорности и идеи. Вложената енергија ќе почне да се исплатува.
Љубов: Дел од своето време ќе го минете со своите најблиски правејќи убави гестови во нивно име. После 17 јануари ќе наидете на интересни личности со кои ќе имате заеднички теми.
Здравје: Добро е да внимавате што внесувате во уста, од цигари, пијалаци и храна кои можат да имаат лош ефект врз вашето здравје. Добро би било доколку можете да појдете на планина.

ДЕВИЦА: Работа: Се прашувате дали отпочнатите проекти ќе ви донесат финансиска благосостојба како што планиравте, но време е да престанете да мислите на тоа. Работа ќе има.
Љубов: Соочени со нови одговорности и новитети на љубовното поле, сепак се двоумите дали го правите вистинскиот избор. Случувања ќе има, штом заборавите на вродената загриженост.
Здравје: Ви смета загадениот воздух и сакате да појдете до најблиското место каде што ќе ги исплакнете дишните органи. Појдете на лекар за да Ви ја препишат редовната терапија.

ВАГА: Работа: Размислувате за финансиската состојба, правејќи повеќе планови за раздолжување, но и за размножување на Вашите средства. Би можеле да работите од дома.
Љубов: После 17 и 18 јануари ве очекува убав период за забава, љубов и романса, кои нужно не значат дека ќе доведат до сигурен однос. Сепак, ќе уживате во времето минато заедно.
Здравје: Голем дел од времето ќе сакате да го минувате дома, каде што ќе читате, ќе се одмарате и држите диети по минатите празници. Ако треба, појдете на доктор по анализи.

СКОРПИЈА: Работа: На работното место има ненадејни промени кои бараат адаптација во последен момент. Иако зрачите со сигурност, сега веќе пукате во празно и се повторувате.
Љубов: Со сериозен тон и голема самоувереност се гордеете на вашиот љубовен партнер и многу веројатно ќе имате доволно можности да минете со роднините и своите пријатели.
Здравје: Иако сте во добра физичка кондиција, на моменти делувате префорсирано и избрзано, па ќе треба да внимавате на можни повреди на главата и да го проверите видот или забите.

СТРЕЛЕЦ: Работа: Работните околности ве водат во контакт со влијателни луѓе, со кои ќе треба да вреднувате многу работи, да правите финансиска рамка или да давате оцени. Нов концепт.
Љубов: Овој викенд ќе дојдете во прв план и ќе се посветите на своите најблиски, со кои ќе ја повратите емотивната рамнотежа. Најдете начин да ги дарувате со ситни поклони и внимание.
Здравје: Најдете време за толку потребниот одмор или своето хоби кое ве исполнува неизмерно. Ова е од есенцијално значење за Вашата добросостојба. Хранете се правилно.

ЈАРЕЦ: Работа: Ова е ваш период и се чини дека токму кај вас паднала божиќната паричка, па сега ќе знаете како да ја искористите таа среќа. Ве очекуваат средби и сериозни договори.
Љубов: Се чини дека и вие и вашиот романтичен партнер сте ангажирани на големо, но добро е што пронаоѓате заеднички јазик со кој ги решавате проблемите во движење. Големи планови.
Здравје: Младата месечина на 17 јануари го осветлува вашиот знак, а токму тоа ќе ви укаже дека зимскиот период е најдобро да се стоплувате соодветно за да не дојде до костобол.

ВОДОЛИЈА: Работа: Од авторитетите може да чуете работи кои се повторуваат, но и да дојдете до извесни несогласувања. Сепак, набрзо ќе дојдете во прв план со своите уникатни идеи.
Љубов: Тајните симпатии од минатата година ќе прејдат полека во јавната сцена, па за кратко време нема да можете да ја сокриете вашата вљубеност. Ќе бидете шармантни и привлечни.
Здравје: Континуирано сте во движење и нагли промени поради сериозните ангажмани, па иако сте во добра кондиција, сепак најдете време да се одморите и да работите од дома.

РИБИ: Работа: дел од должностите ги привршувате и се двоумите меѓу неколку опции, кои можат да ви донесат просперитет каков што само посакувате. Избирајте мудро и внимателно.
Љубов: Во текот на следната недела би можеле да остварите романтична средба со посериозна личност, а за што долго време мечтаете. Ќе има страсни средби и рафинирани разговори.
Здравје: Овој викенд ќе ви треба одмор, но во текот на седмицата вашето генерално расположение се зголемува, како и физичката кондиција. Ќе живнете со Младата Месечина.

Ирена Танчева

[email protected]