Најпознатата кукла е зрела жена: Барби наполни 60 години


САД– Познатата кукла Барбика (Барби) наполни 60 години, а од 1959 година се продадени повеќе од една милијарда примероци, јавуваат американските медиуми.

И покрај големата конкуренција, повеќе од 50 милиони кукли се продаваат секоја година во повеќе од 150 земји. Барбиката е бренд познат како Кока-Кола или Мекдоналдс, соопшти компанијата Мател, која ја произведува познатата кукла.

Нејзината ,,мајка” е една од основачите на Мател, Рут Хендлер, која набљудувајќи ги своите деца, доби идеја за содавање на куклата. Таа и го дала името на куклата по нејзината ќерка Барбара Барби. Куклата веднаш станала популарна и првата година била продадена во 300.000 примероци.

Една од најпродаваните играчки во светот, со текот на времето го менуваше и својот изглед. Сега постојат различни Барбики, кои се разликуваат по височина, боја на кожата и фризура. Првата кукла е позната по сините очи и долга сина коса.