Манчевски: Партиски и роднински врски во регулаторните тела


Регулаторните тела во земјава мизерно потфрлија. Во агенциите за електронски комуникации и за аудио-визуелни медиуми, како и во програмскиот Совет на МРТВ има сѐ уште високи партиски функционери и роднински врски, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на завршниот настан од миниторингот на работата на АЕК и АВМУ.

„Имаме разни видови конфликт на интереси. Затоа влеговме во процес на професионализација на регулаторните тела, со цел независни професионалци и експерти да бидат членови во нив.  Ние политичарите и политичките партии треба да ги тргнеме рацете од независните регулаторни тела“, рече Манчевски.

Тој рече дека во процедурата на избор на членовите на регулаторните тела ќе бидат вклучени сите со надзорна расправа во Сорбанието.

„Процесот на избор на кандидати за кое било од регулаторните тела ќе биде јавен и транспарентен. Пред да се изврши изборот, граѓаните ќе знаат  кои се кандидатите“, изјави Манчевски.

Мониторингот на АЕК и Авму покажал дека за АВМУ слушнале нешто помалку од 20 проценти од граѓананите, а за АЕК околу 30 проценти.

Анкетатата е спроведена од Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“.

За Билјана Бејкова од НВО-Инфо центарот еден од најголемите предизвици досега, но и во наредниот период е сите регулаторни тела да бидат независни од сите политичко-правни и економски центри на моќ.

– Потврда за ова е и нашето последно истражување на јавното мислење каде што поголемиот дел од граѓаните  АВМУ и АЕК не ги перципираат како независни тела, туку сметат дека, да речеме, нивните раководни лица се избрани заради блискоста со определена партија, вели Бејковска.