Луксузот го заменија за луксуз: Ѕирнете во њујоршкиот дом во кој седум години живееја Џастин Тимберлејк и Џесика Бил


САД– Поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк и неговата сопруга Џесика одлучија да се преселат во нов стан во Њујорк, па пентхаусот во Сохо во кој живееле седум години, го продаваат.

Во станот уреден во комбинација на елегантен и урбан стил, преовладуваат земјани тонови, а од сите четири страни е опкружен со тераса. Гламурозниот стан има многу светло, благодарејќи на прозорците кои се протегаат до подот. Во раскошниот пентхаус се наоѓаат три спални соби и три бањи, а зградата на жителите им нуди приватен паркинг, приватен влез и фитнес центар.

Сега, славната двојка, живее на друга њујоршка адреса, а соседи им се Хари Стајлс, Џенифер Лоренс, Рајан Рејнолдс, Мег Рајан…