Леб со банани, ореви, какао и суви сливи
Состојки:
4 зрели банани
100 мл сок од лимон
80 г путер
5 јајца
150 г шеќер
3 лажици какао
1 прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
3,5 шолји пченично брашно
1/2 шолја сечкани ореви
1/2 шолја сечкани суви сливи
Приготвување:
Бананите испасирајте ги и прелијте ги со сок од лимон. Брашното измешајте го со какао, сода бикарбона и прашок за печиво. Путерот растопете го и оставете го малку да се излади.
Јајцата пенесто разматете ги со шеќер, додајте банани и со непрекинато мешање додајте ги путерот и останатите состојки.
Сите состојки добро соединете ги за да се добие компактна смеса. На крај додајте сечкани ореви и суви сливи, измешајте и смесата ставете ја во калап за леб, обложен со хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Печениот колач извадете го од рерна и оставете го да се излади.