Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?


Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу јајцата кои се целосно бели и оние со кафеаво-портокалова боја. Зошто се толку различни, кои се со подобар квалитет и какви кокошки несат какви јајца?

Оваа интересна и навидум многу голема разлика со векови беше цел на проучување на научници кои ги истражуваа разликите и причините за нивното создавање.

Првото нешто што треба да се нагласи е тоа што бојата на пердувите на кокошките немаат никаква врска со бојата на јајцата. Она што ја прави разликата е бојата на нивните ушни школки. Значи оние со бели школки кои обично се наоѓаат зад и веднаш под очите, даваат бело јајце. Оние со кафеави или црвени ушни школки, несат најчесто кафени јајца.

Гледајќи го составот на содржината на јајца, разликите се толку мали што се занемарливи. Јајца со иста просечна големина во двете бои содржат 6 грама протеини, 5 грама масти, 180 mg холестерол и 75 мг натриум.

На пазарот повеќе се застапени кафеавите јајца поради верувањето кај луѓето дека се поздрави.