Колач „Батенберг“ ( со чоколадо и ментол)
Состојки:
За бисквит
200 г шеќер
200 г путер
4 јајца
180 г брашно
прстофат сол
1 лажичка печиво
За кафеав дел
2 лажици какао
50-80 мл јако кафе
За зелен дел
2-3 лажички ментол екстракт
1/4 лажичка зелена прехранбена боја
За ганаж
150 г чоколадо
200 мл слатка павлака
Приготвување:
Ја вклучуваме рерната на 170 степени да ни се загрее. Путерот кој треба да ни е омекнат го матиме заедно со шеќерот до соединување. Ги додаваме едно по едно јајцата. Во брашното го ставаме печивото и го додаваме кон изматената смеса. Ставаме и прстофат сол. Смесата ја делиме на два дела. Во едниот дел додаваме јако кафе и какао, соединуваме. Во другиот дел додаваме ментол екстракт и зелена боја, соединуваме.
Во тавче со димензии 35х25 ги ставаме двете смеси. Печеме околу 20-25 минути, а дали е печено пробуваме со дрвена чепкалка, ако е сува, печено е. Го ладиме, а за тоа време го подготвуваме ганажот.
Ја доведуваме слатката павлака до вриење, па во неа го ставаме искршеното чоколадо. Го мешаме додека да се растопи и смесата ја оставаме да подизлади.
Изладените теста ги делиме на две половини по должина. Редиме прво кафеаво, мачкаме со ганаж на споевите, спојуваме со зелен дел. Ги премачкуваме одозгора со ганаж, па врз нив на кафеавиот ставаме зелен дел, а врз зелениот ставаме кафеав дел (премачкуваме на споевите помеѓу деловите кои ги спојуваме). Целиот колач го премачкуваме со чоколадниот ганаж.