Какво значење има вашето несвесно чкртање?
Имате навика да чкртате додека разговарате на телефон, кога сте на состанок, или пак, додека едноставно ви летаат мислите кога учите или кроите планови? Малите цртежи кои несвесно ги оставате насекаде може да откријат многу за вашиот карактер и моменталното расположение.
Кога чкртаме, нашето пенкало е водено од нашата потсвест која ги „држи“ нашите мисли и тајни и презема контрола врз нашето однесување. Ова се некои од вистинските значења на она што несвесно го цртате.
Триаголници. Сте моќни, динамични и амбициозни.
Фигури од луѓе. Ако цртате мали луѓе, веројатно се чувствувате несигурни и беспомошни или се обидувате да побегнете од вашите одговорности. Цртањето на едноставни фигури покажува дека сте емоционално нестабилни и имате потреба да се изолирате од другите луѓе.
Очи. Цртежите кои вклучуваат очи покажуваат дека станува збор за комуникативна личност и симболизираат чувство дека некој ги гледа, додека затворените очи покажуваат неволност да погледнат внатре во себе.
Вашиот потпис. Потписите покажуваат егоцентрични и арогантни луѓе. Честиот потпис без размислување, во текот на разговорите покажува обид да се решат проблемите и откриваат себична личност.
Кутии. Покажуваат амбициозност, материјализам и потреба од план за иднината.
Кошници. Вашиот приоритет е да го задржите мирот и хармонијата во вашиот живот, а исто така значи дека сакате да основате семејство.
Кругови и прстени. Кружните форми претставуваат потреба да се пронајде единство. „Се чувствувам изоставен/а од овој свет“ – токму вакво значење има вашиот цртеж. Ако цртате кругови несвесно, ова веројатно значи дека ви е потребен пријател и внимание.
Куќи. Сте семејно ориентирана личност која ужива во стабилноста во животот.
Крст. Ова може да значи дека се чувствувате виновни за нешто или се обвинувате себеси за грешките.
Животни. Видот на животните кои ги цртате кажуваат за вашите моментални емоции и личност. Тигар или волк откриваат потиснат грев; ако е лисица, веројатно сакате да направите нешто итро; ако цртате верверичка тогаш покажувате дека имате потреба од грижа и заштита; лавовите обично ги цртаат оние кои се чувствуваат супериорно.
Спирали, кружни форми и брановидни линии. Проблемите на другите луѓи не ве засегаат. Можеби имате емоционална криза; потребно е да го контролирате вашето однесување за да избегнете испади на лутина.
Квадрати, дијаманти и други геометриски фигури. Имате јасно дефинирани цели и насока во животот. Ако цртате стрелки кои се свртени нагоре, тогаш вие сте личност насочена кон луѓето, а доколку стрелката е надолу, тогаш сте само-фокусирани. Ако стрелката е налево, значи дека сте заглавени во минатото, а доколку е насочена надесно, гледате напред во иднината.
Ѕвезди. Сакате да бидете во центарот на вниманието; сакате сите да ве гледаат вас кога ќе влезете во собата и да привлекувате внимание насекаде каде и да одите. Доколку ѕвездите се премногу одделени од центарот тоа значи дека можеби страдате од депресија.
Цвеќиња, облаци и сонце. Овие цртежи покажуваат дека сте задоволни од тоа како ви се одвива животот и веројатно фантазирате за добрите работи кои ве чекаат во иднината.
Мали куќи и кутии. Симетричните форми ја откриваат вашата љубов и вашиот распоред кој темелно сте го испланирале и пресметале. Знаете точно што сакате и вашите животни цели се веќе поставени.
Шаховска табла. Се чини дека неодамна сте се нашле во непријатна ситуација. Ако ваквите цртежи се постојани, тогаш веројатно имате скриени проблеми кои се поврзани со вашата неспособност да се справите со одредена ситуација.
Цветови. Кога цветовите имаат голем круг во средината, тоа значи самодоверба и покажуваат дека сте личност која ужива во добар друшвен живот. Внимателно нацртани цветови издаваат опсесивно-комплусивна личност.
Квадрати. Сте практична и приземна личност.
Комбинација од геометриски форми (кругови, квадрати, триаголници). Имате комплициран карактер, но сте сестрани.
Пајакови мрежи. Откриваат дека сте промислена личност која има огромна способност да ги привлекува луѓето во врски или ситуации.
Срца. Се симбол на љубов и романтика и кажуваат дека сте чувствителни, грижливи и нежни.
Наредени кутии една над друга. По стрес сте.
Федери или спирали. Откриваат дека уживате во разновидност, ве исполнува креативноста и сакате промени.
Облаци. Имате желба да избегате некаде.
3Д објекти. Остроумни сте и паметни, ги гледате сите нешта од сите агли и перспективи.