Истражување: Преморените мажи сакаат полнички жени


Мажите кои вообичаено имаат стресно секојдневие, претпочитаат полнички девојки, посочува новото истражување на Универзитетот од Њукасл.

Во експериментот, мажите биле поделени во две групи. Првата група била изложени на прилично исцрпна дебата пред многубројна публика, по што одеднаш добиле задача да пресметаат колку е 1.022:13, и тоа најбрзо што можат. Потоа, во паузата, ним им биле покажани фотографии од жени, за да кажат која им најпривлечна.

Другата група биле – публиката, која сето тоа опуштено го гледала. И тие потоа требало да ја изберат најубавата жена на фотографиите.

– Заклучокот е поврзан со инстинктот за преживување. Во моменти на стрес и криза, мажот најмногу би сакал го заштити („да се потпре на“) полничка жена, оти тие им изгледаат посилни, објаснува проф. д-р Мартин Тове, еден од набљудувачите во експериментот.

Се чини дека онаа популарна анегдота, која вели дека „вистинската жена е онаа на која мажот секогаш може да се потпре“, штотуку доби и научна основа.