Истрага по насилството на купувачите за тегла „Нутела“ (ВИДЕО)


Француското министерство за финансии започна истрага по минатонеделните нереди во познат француски синџир на маркети, откако цената на омилениот чоколаден крем „Нутела“  беше намален за 70 отсто.

БиБиСи истакна дека во Франција постојат строги закони во однос на попустите, а истрагата ќе покаже дали дошло до нивно прекршување.

 

Францускиот министер за економија, кој се залага за нов закон со кој попустите ќе се ограничат на 34 отсто, наводно бил бесен поради насилството во маркетите.

Компанијата „Фереро“ која го произведува чоколадниот крем изрази жалење за минатонеделните нереди, но се огради од одговорност, истакнувајќи дека маркетите „Intermarš” самите одлучиле да ја намалат цената од 4.5 на 1. 40 евра.