Златко Далиќ доби понуда: 15 милиони евра за три сезони
Успехот на хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Русија каде го осовија сребрениот медал, му ја подигна цената и на селекторот Златко Далиќ. Загрепските медиуми пишуваат дека добил понуда од еден кинески и еден корејски тим да се пресели кај нив, а тие за следните три години ќе му исплатат 15 милиони евра. Далиќ досега заработуваше 500.000 евра годишно, а Хрватскиот фудбалски сојуз на чело со Давор Шукер му нуди двојно поголема плата само да остане на клупата на „коцкестите“.
„Можам да ги водам Барселона и Бразил, ама хрватската репрезентација секогаш ќе ми биде најдрага работа“, рече тој во моментите на славје пред половина милион Хрвати на свечениот дочек во Загреб.
На новинарите им изјави дека најпрво сака убаво да се одмори, а потоа ќе ги каже своите планови.