Еден од најопасните патишта на светот кој води директно во рајот


Тианмен Маунтајн Роуд се нарекува патот кој води до рајот.
Неговото име не е толку чудно ако се знае дека води до планината Тианман Шан (Врата на рајот) која се издигнува на 1.519 метри височина во склоп на спектакуларниот Национален парк во градот Џангџиаџе во северозападниот дел Хунана во Кина.
Иако патот е долг само околу 11 километри изграден е во предизвикувачко и нерамно подрачје. Се качува на висина од 1.100 метри, а бројот на завои е дури 99. Се вбројува во еден од најопасните на светот.
И како да тоа не е доволно, Кинезите морале да се надминат сами себе, па од едната страна на планината на висина од 1.430 метри изградија премин по име „Walk of Faith“. Со оглед на тоа дека преминот во потполност е направен од стакло и гледа во провалија, дефинитивно не се препорачува за луѓе кои патат од агорафобија (страв од отворен простор).
Ако пак, сакате да уживате во величествениот поглед на планината Таинмен, до неа може да се дојде и преку многу побезбедна жичарница изградена во 2005 година, за која Кинезите тврдат дека е најдолга жичарница на светот која е поврзана со висока планина, затоа што е долга 7.455 метри.