Дневен хороскоп за 7 мај


ОВЕН

Денес би можеле да се сретнете со женска личност која ќе ви биде од голема помош и поддршка. Таа ќе ве потсети дека треба да се третирате и себе си со љубов и сочувство, бидејќи вие имате своја вредност и респект. Исто така, може да добиете корисен финансиски совет.

БИК

Се чии дека вашата енергија треба да се фокусира кон домот и она што за вас значи дом. Доколку сепак не ви се работи, најдете начин барем да ги забавувате најблиските, бидејќи тоа ќе ве исполни многу додека решавате каков да биде вашиот следен потег. Пазете на трошоците.

БЛИЗНАЦИ

Можно е да се соочите со некаква промена која ќе доведе до регенерација – на личен и професионален план – имајте во предвид дека кога едена врата се затвора, друга се отвара, па не нужно ќе бидете во загуба, напротив! Не се плашете и бидете мудри, сè е во ред.

РАК

Вашата интуиција е нагласена до степен на телепатија и чувствувате сè што се движи во ваш правец, било тоа да е работа или некоја информација. Налетувате на чудни коинциденции кои ви даваат индиректни одговори. Избегнувајте ги озборуваљата на работното место. Одмор.

ЛАВ

Колку ќе бидете поотворени за промените кои доаѓаат во ваш правец, толку полесно ќе ги пребродите. Обидете се да не ги контролирате работите кои доаѓаат во ваш правец и на тој начин ќе ги избегнете дополнитените тешкотии. Нешто ќе треба да се смени и сработи одново.

ДЕВИЦА

Ако се соочите со вознемирувачки вести, обидете се да не се тревожите премногу околу тоа. Не се повлекувајте во изолација разочарани, туку обидете се со такт да дојдете до договор поволен за сите засегнати страни. Внимавајте како им се обраќате на останатите.

ВАГА

Можно е да се соочите со неочекуван предизвик, но размислувајќи нејасно и делувајќи нефер ќе си го докомплицирате животот. Обидете се разумно и логично да ги решите работите и избегнувајте секаков вид на воајеризам, шпијунажа, цинкање и бркање на вештерки. Итрина.

СКОРПИЈА

Ова е прекрасен ден за веселби и дружба со пријателите – поводи за прослава, забава и славење поради добро завршена работа. Можна промоција, нова работа или нов договор. Доживувате своевидно будење и сте далеку поотворени за изобилието околу вас.

СТРЕЛЕЦ

Денес ќе биде добро да внимавате на својот темперамент и сила – ако се соочите со препреки и одолговлекувања, обидете се да не реагирате премногу силно. Можеби ќе треба се се докажувате и браните или само ќе бидете изморени и неспремни. Губење на репутацијата.

ЈАРЕЦ

Ова е време на просперитет и профит – успех во материјалните работи и помош кон најблиските. Вашата моќ и сила ја фикусирате на благородни цели и со голема филантропија го балансирате физичкиот и духовен живот. Можеби ќе помагате некому кој има потреба од вас.

ВОДОЛИЈА

Одолговлекувања во работата и комерцијалните трасакции. Внимавајте, денес не ги користите своите способности со целосен капацитет, па може да пропуштите важни детали. Не дозволувајте конвенционалноста да ве држи заглавени во едно место и соочете се со реалноста.

РИБИ

Се соочувате со циклична промена која е мистериозна и не е лесно препознатлива. Ќе внимавате да не се чувствувате како жртва – сега е добро да се соочите со своите внатрешни стравови и да и верувате на интуицијата која ќе ви помогне низ ова турбулентно време.

 

пишува: Ирена Танчева