Десерт од нане и чоколадо


Состојки:

 

Делот со нане

 

20 г свежо нане

300 м млеко

100 г шеќер

50 мл вода

30 мл густин

 

Чоколадниот дел

 

1 пакување чоколаден пудинг

300 г млеко

100 г чоколадо

2 лажици шеќер

 

Приготвување:

Во миксер се ставаат нането и млекото. Се блендира добро и се става на оган. Се додаваат 100 г шеќер и се остава да се загрее. Се промешува густинот со водата, па се додава во садот. Се меша додека не се добие посакуваната густина. Кога е готово, се распоредува во 4 чашички.

Го спремаме вториот дел од десертот. Во 250 мл млеко додаваме 100 г чоколада, па ставаме да се растопи на оган. Се додава уште 2 лажици шеќер. Во 50 мл млеко се размешува пудингот од чоколада и се додава во садот на оган. Се вари до посакуваната густина, па се дополнуваат чашките со оваа смеса. Декорирајте со парченца чоколада, листови нане или, пак, по своја желба.