Дедо Мраз тргна од Северниот пол за да дели подароци


САД- Дедо Мраз тргна преку Азија и Океанија на својата светска турнеја, во рамки на која ќе подели огромен број подароци, соошти американската воена команда задолжена за воздушната безбедност во САД и Канада НОРАД (North American Aerospace Defense Command) која секоја година го следи патувањето на митскиот лик.

Дедо Мраз тргна вчера со санки од својата база на Северниот пол, а во 14.03 по средноевропско време прелета преку Јапонија и стигна во Австралија. Во моментов е во Калгари, Канада. За неколку часа поделил милијарда подароци, соопшти Норад на сајтот на кој се гледаат санки со девет ирваси во 3Д фгормат.

Соработката на Норад со авантрите на Дедо Мраз трае од 1956 година кога некој во весник објавил телефонски број од Дедо Мраз. Тогаш едно дете по грешка ја повикало американската команда од каде барал подароци. Норад тогаш ја почитувал волјата на детето и на свој припадник му наредиле на децата да им ја каже точната локација на Дедо Мраз. Со воведување интернет, соработката продолжува и на оваа страница, а и Гугл отвори свој сајт , специјално отворен за тие цели, на кои може да се следи до каде ирвасите го однеле Дедо Мраз.