Генсекот на ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден син
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев стана татко по вторпат. Неговата сопруга Маја синоќа на свет донесе машко бебе. И првото нивно дете е машко. Пред да стане генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев беше директор на ЈСП-Скопје.