Во Грција сменети началниците на полицијата и на противпожарната служба


Во Грција денеска се сменети началници на полициските сили и на пожарникарски бригади по кобните пожари на Атика во кои загинаа најмалку 90 луѓе.

Функциите на тие две служби ги преземаат нивните заменици, соопштија од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.

Под притисок на јавноста во петокот оставка поднесе министерот за јавен ред Никос Тоскас.