(ВИДЕО) Милорад Додик запеа по прогласувањето победа на изборите во РС


Милорад Додик во трката за српскиот член на Претседателството на БиХ освои најголем број гласови – 54,06 отсто, а по него е Младен Иваниќ со 42,79 отсто од гласовите, покажуваат најновите податоци кои утрово ги објави Централната изборна комисија.

Додик по прогласувањето победа, како што пренесуваат медиумите, запеа во својот изборен штаб.

Според најновите прелиминарни нецелосни резултати на ЦИК за членови на Претседатлството на БиХ, после обработени 84,33 отсто од гласачките места, кандидатот на СНСД-ДНС-СП за српски член на Претседатлството на БиХ Додик освоил је 54,06 отсто од гласовите, односно 293.622.

Кандидот на Сојузот за победа Младен Иваниќ освоил 42,79 отсто од гласовите – односно 232.375.

Кандидатот на Српската напредна партија Мирјана Поповиќ добила 8.918 гласови или 1,64 отсто, а кандидатот на Прва СДС Гојко Кличковиќ 8.181 глас или 1,51 отсто.

Од до сега обработени гласачки ливчиња важечки се 543.096 или 93,94 отсто, неважечки празни 17.509 или 3,03 отсто и неважечки по други критериуми 17.508 или 3,03 отсто.