(ВИДЕО) Експлодира автомобилот на водителката на ТВ „Пинк“, Маријана Мичиќ
Во белградската населба Вождовац се случи експлозија на автомобили во која едно лице е полесно повредено, пишува „Блиц“.
Според првичните информации, автомобилот „голф 4“, во сопственост на водителката на телевизија „Пинк“, Маријана Мичиќ, експлодирал, а во тој момент во него се наоѓал нејзиниот татко, кој поминал со полесни повреди.
Како што известува „Блиц“ од местото на настанот, улицата „Војвода Степа“ на овој потег е блокирана од страна на припадници на полицијата, а вонредни тимови се испратени на самото место.
Според сведочења на очевидци, автомобилот експлодирал додека бил во движење и се претпоставува дека станува збор за бомба која била поставена под возилото.