Амал и Клуни во Бакингемската палата: Гости на принцот Чарлс
Англија- Како божица во бело изгледаше адвокатката за човекови права Амал Клуни на гала вечерта на гостите на меѓународниот фонд на принцот Чарлс синоќа во Бакингемската палата. Клуни, во придружба на сопругот, оскаровецот Џорџ Клуни избра вечерна тоалета на Стефан Роланд кој одлично изгледаше со елегантниот смогинг на актерот.
Меѓу гостите од шоу-бизнисот беа и актерите Џос Харнет и Бенедикт Камбербаќ, познат по улогата на Шерлок Холмс.
Амал е блиска пријателка на Меган, војвотската од Сасекс, и славната двојка беше поканета на кралската свадба лани во Лондон.