Актер најден мртов во својот стан
Актерот и комичар Броди Стивенс (48) пронајден мртов во својот стан во Лос Анџелес, пренесе „Њујорк пост“.
Ѕвездата на филмовите “Hangover” и “Due Date” според сите околности изгледа дека во петокот, сам си го одзел животот, со бесење.
Телото на Броди најдено е во сабота вечер, а полицијата води истрага која почна со разговор со неговото семејство.
Броди, кој играше полицаец во филмот “Hangover”, беше постојан изведувач во најпознатите клубови на Западниот брег на САД.
Неговиот агент даде изјава за медиуми: „Броди беше глас на инспирација, пријател на многумина во заедницата на комичари. Ги поместуваше креативните граници, а неговата страст кон работата и љубовта кон безболот беа заразни. Многумина го сакаа и на многумина ќе им недостига“.