Адвокатите со петиција против нотарите


Членовите на Адвокатската комора на Македонија, според сознанија на правосудство.мк започнале со потпишување на петиција, со која отворено се спротиставуваат на нивното се помало учество во нотарските постапки.
Според сознанијата, петицијата, наводно, до сега ја потпишале најмлку една третина од македонските адвокати, но потпишувањето ќе продолжи со цел зад неа да застанат најголемиот број на адвокати. Во меѓувреме, адвокатите, заедно со петицијата, до премиерот Зоран Заев, ќе достават и писмо во кое ќе го појаснат своето незадоволство од ингеренциите кои сега им припаѓаат на нотарите.
Нашите извори велат дека писмото до Владата ќе биде испратено уште во текот на денешниот ден, но дека сѐ уште се работи на неговата содржина, иако на ова писмо може да се гледа како на ново укажување за состојбите, но и како своевидно продолжение на реакцијатата на Адвокатската комора на Македонија, од 28. минатиот месец, кога АКРМ писмено се обрати до Владата и до премиерот Заев.