Зошто рибата што ја печеме во рерна често е сува?: Овие три грешки ги правиме најчесто


Дознајте кои се вообичаените грешки поради кои печената риба секогаш не успева.

За време на постот често се јаде риба, а печената ги задржува своите сокови и е поздрава од пржената во тава. Доколку правилно го приготвите, ќе имате одлично јадење за кое не е потребен претеран труд.Но, има и такви домаќинки кои не се доволно искусни во кујната, па се случува рибата која ја печеле во рерна да е сува. За тоа има 3 причини, а во продолжение прочитајте кои од нив.

Температура на рерната

Треба да ја печете рибата во загреана рерна. Доколку се загреат истовремено, сите сокови ќе бидат во тавата, а времето за печење ќе се продолжи.

Време за готвење

Не претерувајте со печењето. За риба се потребни 20-30 минути, а тоа е ако имате околу 1-2 кг. Тоа што месото лесно се одвојува од коската покажува дека е подготвено.

Полнење на рибата

Би било одлично да ја наполните рибата со зеленчук, кромид, свежи билки, лимон, путер… Така се зголемува нејзината сочност и се подобрува вкусот.