Зошто Овенот е лидер меѓу хороскопските знаци?
Како прв знак на Зодијкот, овенот симболизира нов почеток. Ова е знак на силен карактер кој едноставно пука со енергија. Луѓето родени во овој хороскопски знак никаде не поминуваат неприметени, динамични се, брзи се, изразито компетитивни – и секогаш мора да бидат први во сѐ, така и во хороскопот. Во чест на нивното владеење, кое започна на 21 март и трае до 19 април, ви изнесуваме 10 карактеристики на овој знак на Зодијакот.
Тоа ни малку не нѐ чуди со оглед на тоа дека се наоѓа под доминација на Марс – богот на војната. Тоа често не е лоша карактеристика, но ако ги прашате луѓето кои во својот живот имаат барем еден овен, веројатно нема да ја истакнат таа црта како најсјајна.
Родени се водачи
Овните имаат родена способност за водење и знаат како да преземат контрола и да го донесат својот тим до победа. Уживаат во надмоќната позиција и во стравопочитта од другите. Како што е и порано спомнато – во се мораат да бидат први, а тоа знаат и да го исполнат.
Не ги интересира туѓото мислење
Припадниците на овој хороскопски знак знаат што сакаат – и баш им е гајле што мислат другите за тоа. Ќе направат сѐ што замислиле и тоа баш онака како што го замислиле тоа и ништо не може да ги увери во спротивното. Овните секој ден стануваат со мисла да го направат светот малку посреќно место за живеење.
Имаат способност да ги читаат другите луѓе
Овните тешко се лажат, па ако сакате да немате проблем со нив од старт изнесете ги своите ставови и извадете ги сите карти на маса. Способноста за читање на другите луѓе е една од нивните најјаки особини.
Бесстрашни се во сите ситуации
Овните не се мекуши. Напротив! Тие се исклучително силни, отпорни и еден од најхрабрите знаци на Зодијакот. Не постои ситуација во која овнот нема храбро да истапи, а кога се наоѓаат во опасност не делуваат под притисок, туку со ладна глава и со топло срце.
Спонтани се и тешко е да се уловат
Нивната спонтаност и импулсивност понекогаш може да ги доведе до лудило личностите кои се наоѓаат во нивниот живот: нивното однесување не е можно да се предвиди. Но, од друга страна, имате ли овен во животот, една работа е сигурна – секогаш ќе пронајдат начин да ве изненадат и никогаш нема да ви биде здодевно.
Немаат влакна на јазикот
Воздржувањето и овенот не одат заедно. Нивното мислење секогаш сите ќе го слушнат, сакале вие или не. Тактиката не им е јака страна и затоа често (ненанмерно) ги повредуваат другите.
Љубовта им е најдрага емоција
За многу овни љубовта е она што им дава смисла. По природа лесно се вљубуваат, а тоа им е најдраго чувство. Гласот, допирот и појавата на саканата личност им предизвикува пепрутки во стомакот. За саканата личност подготвени се да одат на крајот на светот.
Правични се, искрени и одат до крај
Овните се исклучително искрени и директни кон другите. Со нив секогаш знаете на што сте и никогаш нема да ве оговараат зад грб, природата не им е таква. Многу брзо ќе намирисаат лага и неискреност и веднаш ќе ве стават на место и ќе ве вратат во реалноста. Луѓето родени во овој знак ќе останат со вас до крај и нема никогаш да ве остават на цедило.
Може да бидат ваш најголем непријател – или најголема ноќна мора
Овните нема први да почнат караници или да влегуваат во конфликтни ситуации, а ако се однесувате со нив со почитување, ќе ви вратат на ист начин. Во случај да ги издадете и да им забиете нож во грб, инстантно ќе се претворат во наш најголем кошмар.
Трпение во нивниот речник не постои
Зборот трпение во нивниот речник не постои. Треба ли некаде да чекаат, припадниците на овој хороскопски знак ќе превртат сѐ наопаку само да не треба да мируваат. Да седат на мира за нив е еднакво на крај на светот.