Зошто италијанскиот дизајн носи светлина: Реч на амбасадорот Андреа Силвестри
Италијанскиот дизајн има намера да помогне да се донесе светлината во период во кој се чини дека преовладуваат сенките и темнината, и да го направи тоа користејќи го квалитетот кој отсекогаш бил негов белег, рече синоќа на отворањето на 26. Моден викенд во Скопје, амбасадорот Силвестри
Скопје од вчера е во знакот на италијанска мода, дизајн и вкус- во Ист гејт мол се одржуваат „Денови на италијанскиот дизајн“ кој се совпадна со 26. Моден викенд , во организација на Света Богова- Јовановска. „Деновите…, во организација на Амбасадата на Р.Италија и Италијанската агенција за трговија- ITA, е посветен на италијанскиот дизајн кој има за цел да го промовира одличниот избор на италијански брендови присутни во најголемиот трговски центар кај нас.
Во East Gate Mall има повеќе од 20 врвни италијански брендови од модната индустрија, детска облека, накит, часовници, чевли и чанти.
Еве ја во целост речта на италијанскиот амбасадор во Македонија , Андреа Силвестри, синоќа, на отварањето на гала настанот во Скопје.

„Добро вечер и добре дојдовте на 7-тото издание на Деновите на италијанскиот дизајн, кој оваа година ќе се совпадне со отворањето на 26-тото издание на Модниот викенд Скопје, овде во Ист гејт мол.
Деновите на италијанскиот дизајн се одржува ширум светот секоја година од страна на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка преку италијанските амбасади, институти за култура и трговски агенции за промовирање на италијанскиот дизајн и архитектура.
Годинешната тема на Деновите на италијанскиот дизајн е: „Квалитет кој просветлува. Енергијата на дизајнот и за луѓето и за околината“.
Го избравме овој наслов затоа што со својата интелектуална и продуктивна енергија, италијанскиот дизајн има намера да помогне да се донесе светлината во период во кој се чини дека преовладуваат сенките и темнината, и да го направи тоа користејќи го квалитетот кој отсекогаш бил негов белег. Во овој контекст, зборот квалитет не е толку синоним за луксуз, туку фактор на одржлив и одговорен развој.
Квалитетот е поврзувачки елемент кој го поврзува италијанскиот дизајн со производството на највисоко ниво преку комплексен меѓусебно поврзан синџир во акција што не е само-референтна, туку интегрирана во ефикасен и заеднички систем. Попладнево имавме ЈАВНИ РАЗГОВОРИ токму на оваа тема: „Мала но совршена: енергијата на дизајнот за луѓето и околината“, во која беа вклучени познатиот италијански дизајнер Арслан Додо, моден блогер, новинар, професори и менаџери.
Италија е број 1° во светот по бројот на дизајнерски компании, а всушност дизајнот е во голема мера одговорен за успехот на нашите производи. Впрочем, италијанските производи отсекогаш биле поврзани со квалитет, висока специјализација, диференцијација и елеганција. Сè на сè, тие се синоним за извонредност, квалитет и традиција.
Модната индустрија е срцето на брендот Made in Italy, термин кој се користи од 1980 година за да ја означи меѓународната уникатност на италијанските производи, особено во четирите главни индустрии, популарно познати како „Four F“: храна, мебел, Ферари (автомобилски) и токму Fashion.
Италијанските брендови се познати во светот како симболи на стил. Всушност, италијанскиот се смета за јазик на модата, ѝ на македонски се вели мода.
Така, вечерва, иако сум многу среќен што со East gate ги презентирам најновите колекции на многу важни италијански брендови, сакам да им оддадам почит не само на овие фирми, туку и на дизајнерите и занаетчиите кои се глобални водечки во облеката и обувките.
Благодарам.