Зошто Германија ги зголемува резервите на таблети со јод?
Германските власти ги зголемуваат резервите на таблети со јод, кои можат да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен инцидент.
Германската канцеларија за заштита од зрачење потврди денес дека нарачала 189,5 милиони таблети со јод за да осигура безбедна и масовна дистрибуција во случај на радиолошка или нуклеарна криза.
Телевизијата ВДР, која прва објави за зголемување на резервите, објави дека количината на нарачани таблети е четири пати поголема од сегашните резерви. Ако се земат веднаш после нуклеарен инцидент, таблетите со јод можат да спречат рак на тироидната жлезда.
Додека Германија планира да ги исклучи сите нуклеарни централи до 2022 година, неколку нејзини соседи, вклучително Белгија, Франција, Швајцарија и Чешка, ќе продолжат да користат нуклеарни реактори.